Транспортна амбалажа
ПЕЧАТЕНА КАРТОНСКА АМБАЛАЖА
На подрачјето на печатената амбалажа се повеќе до израз доаѓаат барањата за графичка обработка и на квалитетен печат.
На нив е прилагодена и машинската опрема во "Фустеларко Борец", така што својствата на картонската амбалажа можат да ги задоволат и најпребирливите порачатели.
Покрај практично неограничените можности за прилагодување на формите и димензиите на печатената амбалажа, порачателите можат да ги добијат и материјалите и варијантите на производите, кои се во сообразност со современиот начин на продажба и културната понуда на предмети и стоки за широка потрошувачка.
Во богатата програма на печатена амбалажа најмногу производи има за кондиторската, хемиската, тутунската, прехрамбената, фармацевската, електро и чевларска индустрија.
Печатената картонска амбалажа е со современ дизајн и е погодна за рачно и машинско пакување. ИмајЌи ги предвид разните начини на слагања и затворања, ги изработуваме сите видови сложеници, сложиви картони и уметоци